Денеска Јавното обвинителство го соопшти обвинението за случајот „Рекет“ во кое се вели дека првоосомничениот Боки 13, со парите придобиени од бизнисменот Орце Камчев, ги пуштил во оптек, односно со блокирана сметка си купувал облека, луксузен мебел, а престојувал и во ексклузивни летувалишта. Иако во тој момент не бил формално вработен никаде, и бил со блокирани сметки.
„Со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра. Првообвинетиот иако невработен, со блокирани трансакциски сметки и без приход, на почетокот на оваа година купувал за себе луксузен мебел, облека и обувки и престојувал во луксузни летувалишта – ресорти надвор од нашата земја што упатува дека ги пуштил во оптек паричните средства што ги прибавил со кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ – се вели во обвинието.
