Рускиот претседател Владимир Путин изјави во интервју дека луѓето се обидуваат да ја обвинат Русија за проблемите на глобалниот пазар на храна и негираше дека Москва вовела забрана за извоз на жито од украинските пристаништа, пренесе Ројтерс.
„Ситуацијата ќе се влоши бидејќи Британците и Американците воведоа санкции за нашите ѓубрива“, рече Путин во интервју за националната телевизија.
Според Путин, проблемите со храната во светот започнале пред повеќе од две години, пренесе ТАСС.
„Неповолната ситуација на светскиот пазар на храна не започна вчера, ниту по почетокот на руската специјална воена операција во Донбас и Украина. Таа започна во февруари 2020 година во процес на справување со последиците од пандемијата на коронавирус“, рече рускиот претседател.
