Спорот не е Делчев ниту јазикот, туку депортирањето на Евреите од Скопје – Бугарија бара Македонија да ја превземе вината за бркањето на Евреите

Ниту македонскиот јазик, ниту Гоце Делчев не не ги кочат преговорите помеѓу Бугарија и Македонија. Најголемиот проблем е периодот на втора светска војна каде тогашна Голема Бугарија ги депортирала евреиите од Скопје во логорот Треблинка. Бугарија сака одговорноста за ова да ја превземе Македонија, вели историчарот Скендер Асани.

„Главниот спор меѓу Македонија и Бугарија е периодот на Втората светска војна, односно депортирање на 7 илјади 189 евреи од Скопје до Треблинка. За холокауст? Да. Зошто? Во Втората светска војна беше голема Бугарија и Скопје беше под бугарска окупација“, вели Асани во „10МИНУТИ“ на ТВ21.

Македонско-бугарската комисија e голема грешка затоа што само политиката може да донесе решенија, смета историчарот Скендер Асани. Додава дека единствено решение е формирање на постојани канцеларии во Софија и во Скопје.

„Од почетокот тоа стана проблем и сега ги гледаме оние црвени линии на двете делегации кои во моментот не гледаат соодветно решение. Тука гледам дека политиката само може да го реши ова прашање.“, рече Асани за ТВ21.

Дел од Албанските историчари се скептични дека комисиите на двете држави можат да дојдат до решавање на историските прашања. Затоа предложија во комисијата да има и историчари албанци. ВМРО-ДПМНЕ со истите обвинувања , дека премиерот Заев тргува и со Гоце Делчев и со македонскиот јазик.

„Видете во овој период треба силна дипломатска офанзива. Треба државата, власта, владата која впрочем доби доверба за да ги штити македонските национални интереси, тоа да го прави, а не како што сега гледаме. Значи оваа власт наместо да се крие зад ваквите прашања треба да излезе и да го каже ова јавно, дали Гоце Делчев е Македонец, дали македонскиот јазик е македонски јазик“, вели Мисајловски.

Од СДСМ велат дека односите со Бугарија се градат во духот на Договорот за добрососедство, отворените теми ги решаваат комисиите.

„Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите и меѓусебно да си даваме поддршка двете земји. За темите коишто се дискутираат изминатиот период и кои произлегуваат од овој Договор за добрососедство изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои сметам дека се надлежни да ги решаваат овие теми“, рече Марија Георгиевска.

Под насловот „Бугарија-Северна Македонија: јазична кавга“ парискиот весник „Ла Кроа“ објави дека Софија би можела да истрае во блокирањето, но делумно и блефира, смета весникот, бидејќи, како што наведува, таа не би добила многу со спротивставувањето на нејзините европски партнери за отворање на пристапните преговори. Премиерот Зоран Заев на почетокот на следниот месец заминува во Софија на средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, во рамки на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното