5 годишниот Иван игра фудбал. Тој дојде во градскиот парк за да ја поддржи нашата репрезентација на следниот натпревар против Словенија. Иван вели дека му се допаѓа фудбалот и дека еден ден посакува да стане ѕвезда како Роналдо.
Иван
Академијата на ФФМ исто така беше во градскиот парк. Облечени во националниот дрес ги повикаа граѓаните да навиваат на натпреварот против Словенија. Меѓу нив беше и Мухамед Елмас, братучед на репрезентативецот Елиф Елмас. Тој изрази оптимизам дека нашата екипа нема да не разочара и им посака победа на сите играчи.
Од ФФМ велат дека настанот е организиран како загревање за навивачите за натпреварот што ја очекува нашата репрезентација на 10 октомври против екипата на Словенија, за Еуро 2020.
Во Градскиот парк децата и возрасните играа фудбал и се натпреваруваа во разни игра со топка. Добиваа награди и билети за натпреварот Македонија – Словенија што ќе се одржи на 10 октомври на арената “Тоше Проески“.
