Попладнево е спречен нов голем инцидент во болницата во Струмица. Настанот се случи во 16 часот откако на детското одделение починало дете од девет месеци од селото Банско.
Еден од роднините бурно реагирал и ги обвинил лекарите, но полицијата спречила поголем инцидент, пренесува МИА.
-Детето во болницата било донесено во многу тешка состојба и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало. Обезбедувањето на болницата навреме ја повикало полицијата и е спречен поголем инцидент. Јас ја разбирам тагата на блиските, но никој нема право да реагира како што не треба, рече д-р Гогов.
Денеска се случи инцидент во болницата откако група од дваесетина луѓе украдоа мртовец. Пациентот бил примен во тешка состојба, по 20 минути починал, а негови роднини и пријатели насилно го извлекле починатиот со кревет, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец.
.
