Свет

Спречен терористички напад врз синагога во Париз

Спречен терористички напад врз синагога во Париз

Шест лица се во притвор и се очекува наскоро да бидат обвинети за осуетениот напад врз синагога во париското предградие Сарсел. Францускиот обвинител за антитероризам потврди во саботата дека нападот бил планиран за почетокот на овој месец, објави Ројтерс.

Осомничените, чии идентитети не се објавени, беа уапсени откако околу 300 луѓе беа евакуирани од Сарсел на 12 јули. Евакуацијата беше спроведена откако сомнително возило беше забележано во близина на синагогата.

Обвинителите велат дека планираниот напад е поврзан со исламски екстремизам.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни