Балкан

СРБИЈА: 8 ученици и чувар загинаа откако 14 годишник влегол и почнал да пука со пиштол

СРБИЈА: 8 ученици и чувар загинаа откако 14 годишник влегол и почнал да пука со пиштол

Осум ученици и еден чувар загинале во престрелката што утринава во училиштето во Врачар, неофицијално дознава N1.

Малолетник утрово околу 8 часот влегол во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград и со пиштол почнал да пука во ученици.

На терен се десет возила на Брза помош и полиција. Таму се и министерката за здравство Даница Грујичиќ и министерот за образование Бранко Ружиќ. Голем број на собрани родители не можат да дојдат до децата. Како што јави репортерот N1, областа околу местото на престрелката е блокирана.

Полицијата се обидува да ги избрка родителите од местото на настанот. Родителите надвор од училиштето велат дека ништо официјално не им е кажано. Влегуваат во расправија со полицијата.

Во Владата на Србија во 13 часот и 15 минути ќе се одржи вонредна прес-конференција по повод трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. На конференцијата пред медиумите ќе се обратат министерот за образование Бранко Ружиќ, министерката за здравство Даница Грујиќиќ и претставник од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни