Балкан

Србија наскоро ќе го забрани извозот на муниција и оружје

Србија наскоро ќе го забрани извозот на муниција и оружје

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека следната недела најверојатно ќе потпише решение за забрана за натамошен извоз на муниција, алати и оружје, бидејќи, како што рече, во моментов до последен степен е загрозен виталниот национален интерес на земјата.

Се мора да се подготви во случај на агресија врз Република Србија, додаде тој.

Тој изјави дека Србија не се подготвува за никакви војни, дека направила се за да го деескалира конфликтот, но дека „тоа не зависи само од нас“. Потврдив што направивме во разговорите со нив (претставниците на меѓународната заедница) и што сме подготвени да направиме, изјави тој. „Се надевавме дека ќе добиеме извинување и објаснување од британската влада (чиј пратеник изјави дека оружјето од централна Србија се шверцува во црквите на Косово преку амбулантни возила), се разбира, не го добивме, никогаш нема да го добиеме. барем сега тоа го знаеме и нема да добијат ништо од нас“, изјави Вучиќ.

Како што вели, Владата е подготвена за зима и за сите други предизвици.

Имаме доволно гас за претстојната зима – 584 милиони кубни метри во моментов, и во Унгарија и во Србија, имаме резерва од 92 дена дизел, 81 ден бензин, рече тој. Што се однесува до армијата, Вучиќ рече дека „100 отсто од надополнувањето со храна и гориво е завршено“.

Тој не смета дека намерата на Приштина е да ја прогласи СПЦ за терористичка организација, туку сакаат, како што смета, да кажат дека „СПЦ учествува во заеднички злосторнички потфат со терористи и хулигани во вооружување на Србите и загрозување на територијалниот интегритет на т.н Косово“.

„Тоа е уште една негова (на Курти) енверистичка и демацијанска борба во која тој се обидува да ја означи српската црква како крајно зло“, изјави тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни