Македонија

Средба Пендаровски-Петков, разговарано за можностите за пробив на европски план за заеднички успех

Средба Пендаровски-Петков, разговарано за можностите за пробив на европски план за заеднички успех

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски имаше средба со бугарскиот премиер Кирил Петков на маргините на Минхенската конференција, по неодамнешната средба во Скопје.

„Дискутиравме за динамиката на работните групи, продуктивноста на тој план и можностите за пробив на европски план, кој би значел заеднички успех.“, напиша претседателот Стево Пендаровски на друштвената мрежа Фејсбук.

Пендаровски на крајот од месецов се очекува да патува и во Софија на средба со неговиот колега Румен Радев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни