Македонија

Средношколец од Штип објавил дека со пушка ќе дојде на училиште

Средношколец од Штип објавил дека со пушка ќе дојде на училиште

Полициски службеници се присутни во гимназијата „Славчо Стојменски“, откако ученик на Инстаграм се заканил дека ќе дојде со пушка на училиште, објави „ММС“.

Директорот на штипската гимназија, Марјан Арсов открил дека во текот на вчерашниот ден имало закани од еден ученик, но полицијата преземала мерки и ситуацијата е под контрола, а исто така бил извршен службен разговор со родителите и ученикот.

Повеќе детали од МВР се очекуваат наскоро.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни