Две жени се повредени во неделата околу 18:30 часот во Пула кога на обележан пешачки премин налетал на нив автомобил, управуван од 71-годишна жена од Србија, извести истарската полиција.
Во несреќата предизвикана од жена (71), автомобил со српски регистарски таблички, тешко е повредена 84-годишна жена, додека 70-годишна жена е полесно – јавуваат хрватските медиуми.
Несреќата се случила затоа што не ги пропуштила пешаците кои веќе влегле на пешачки премин.
Од силината на ударот тие паднале на патот, по што биле пренесени во болницата во Пула.
Против пензионерката е поднесена кривична пријава за предизвикување сообраќајна незгода.