Српска тенисерка ги објави морничавите пораки кои ги добива: И се заканувале со силување и сечење по телото!?

Српската тенисерка Наталија Стевановиќ на Инстаграм ги објави морничавите пораки кои ги доби откако го загуби мечот во саботата.

Стевановиќ ги одигра квалификациите за ВТА турнирот од серијата 1000 во Гвадалахара, каде на последната пречка беше поразена од романската тенисерка Марија Матеас.

Романката победи со 6-3, 7-5 и избори пласман на главниот турнир, додека Стевановиќ со голем страв се враќа дома.

Имено, таа на социјалната мрежа добила морничави шокантни пораки. И се закануваат со силување и сечење на парчиња, дека ќе ја силува мајка си, дека ќе ја најдат и слично.

„Што да кажам после ова? Морам да се плашам за мојот живот само затоа што загубив натпревар по повреда? Спортистите го даваат својот максимум на теренот и ваквите закани се нешто навистина сериозно. Ова го објавувам за првпат затоа што веќе ми е доста од вакви пораки кога и да не победам“, напиша Стевановиќ на Инстаграм.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното