Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јави српската телевизија РТС.

Премиерката Ана Брнабиќ исто така одвоено ќе разговара со Столтенберг, соопшти српската влада.

Како што соопштија од претседателството, средбата меѓу претседателот Александар Вучиќ и генералниот секретар на НАТО ќе се одржи во 9 часот и 30 минути во зградата на Претседателството Андричев Венац.

По средбата Вучиќ и Столтенберг ќе одржат заедничка прес-конференција.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од 19 до 22 ноември е на турнеја низ Западен Балкан , во која се Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Република Северна Македонија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното