Македонија

ССМ излезе на протест – поставени 120 столчиња пред Собранието

ССМ излезе на протест – поставени 120 столчиња пред Собранието

Вработените во јавниот сектор од денес се во генерален штрајк откако на вчерашната средба ССМ и владините преставници не се договорија за зголемувањето на платите во јавниот сектор.

ССМ го започна протестот во 10 часот пред Собранието и ќе трае до 14 часот при што има и посебен сообраќаен режим.

Пред Собранието беа поставени 120 столчиња кои ги претставуваат пратениците, од кои се бара да го прифатат амандманот на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни