Македонија

Стефанија спасувала ноќта во Пулс, сведочи таткото Влатко

Стефанија спасувала ноќта во Пулс, сведочи таткото Влатко

Трагедијата што ја потресе јавноста остави длабока болка кај семејствата на загинатите, а сведоштвата на најблиските ја откриваат човечката страна зад бројките.

Таткото на загинатата Стефанија, Влатко Соколов, во изјава за 4ТВ.мк раскажа каква била неговата ќерка и какви соништа имала. Според него, Стефанија била амбициозна девојка која сакала да студира медицина и да им помага на луѓето.

Тој истакна дека таа била посветена и хумана, а својата желба за помагање ја покажувала и преку волонтирање во Црвениот крст.

Соколов откри и детали за последните моменти од нејзиниот живот, посочувајќи дека Стефанија помагала и во текот на трагичниот настан. Според неговите зборови, таа била пронајдена пред влезот на дискотеката, каде што сè уште давала знаци на живот.

„Беше амбициозна, сакаше да заврши медицина, сакаше да помага на луѓето“, изјави таткото, додавајќи дека болката од загубата е неизмерна и дека времето не ја намалува тагата.

Неговото сведоштво е уште едно потсетување за трагичните последици од настанот, во кој згаснаа млади животи со планови и соништа за иднината.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни