Стефанова: Миле се подготвуваше за бегство, “Ниту сум планирал, ниту ќе бегам”, вели Јанакиески

Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова, денеска на јавна седница во Апелација, истакна дека обвинетиот Миле Јанакиески на 13 ноември планирал да бега, па од тука е одредена мерка притвор. Стефанова се обиде да ја докаже опасноста за бегство на екс министерот.

„Кривичниот совет утврди опасност од бегство но за да се избегне опасноста донесе решение да му се одреду мерка на претпазливост. Обвинетиот ЈАнакиески не негираше дека бил на разговор кај претседателот, не кажа што разговарале. Убедена сум дека постојат околности дека не можеме да го задржиме, доколку не биде одредена мерката притвор“, рече Стефанова.

Јанакиески, пак, негираше дека договорал бегство со претседателот, а ниту планирал да бега.

-Не е точно дека не сум кажал што било тема на разговорот. Кажав што разговаравме со претседателот а тоа беше кажано и со неговиот допис каде точно е опишана темата на разговор. Повторувам не треба дејствата на едно лице сообвинител да бидат поврзани со мене. Ниту планирам, ниту ќе бегам – рече тој.

Апелација има два дена да одлучи по жалбите.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното