Поврзи се

Македонија

Стефанова прва на распит за „Рекет“ – во текот на неделата и други обвинители од СЈО, но не и Катица

Published

on

Новинарски екипи од 8 часот ја чекаа да се појави обвинителката Лиле Стефанова, која требаше да даде исказ во одделението за гонење на организиранан криминал и висока корупција за случајот „Рекет“. При влезот во Апелациониот суд каде се наоѓа ова одделение успеа да им избега на новинарите, но 5 часа подоцна се појави и кратко информираше дека не може да сподели дополнителни информации од истрагата.

„Свесна сум, свесна за интересот на јавноста за истрагата за „Рекет“ и за сите допирни точки со истрагата за „Империја“ каде јас сум предметен јавен обвинител, а сведок од истрагата „Рекет“ е првооомничен во истаргата Империја“. Се што можев да споделам со јавноста јас го споделив во даденото соопштение  во петокот. Денеска дојдов овде во својство на сведок. Околу пет часа давав исказ како сведок и се што ми е познато за овој случај го изнесов пред надлежниот јавен обвинител. Имајќи го предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата не можам да кажам нешто друго од она што веќе го имам споделено“, изјави Лиле Стефанова.

-Текстот продолжува по рекламата-

Што точно кажала Стефанова во пет часовното сведочење пред Ивана Трајчева која е заменик на шефицата Вилма Рускоска, не открива никој.

Иако СЈО е формирано пред речиси четири години, Стефанова пред неколку денови проговори за проблемите во внатрешноста на обвинителството. Таа рече дека со Катица Јанева не се согласувала за осомничените во „Имперја“ мерката притвор да биде заменета со куќен притвор бидејќи имало можност за влијание врз сведоци и наштетување на истрагата. Стефанова за ТВ21 рече дека тоа и се случило, а како доказ ги наведе снимките кои ги објави италијанскиот весник.

Спогодбата за наместо затвор, истрагата да заврши со парична казна се споменува и во објавените разговори.

Ј.К: Се, се е договорено. Како што е со Боки договорено, така и со овој

К.Ј: Добро, добро

Ј.К: Убава вечер

К.Ј: И другото јас се’ го држам под контрола,

Б.Ј: Не, он се плаши од Лиле

Ј.К: Не се плашам бе

Б.Ј: Не, тој не се плаши, туку го тера…

К.Ј: Јас сум толку многу ангажирана, затоа не ја држам редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо.

Ј.К: Така е, така е, ОК

Б.Ј: Му кажав јас дека, она е тука под тебе и не смее…

К.Ј: Да, да

Б.Ј: Знае он, му кажав јас

Несогласување на релација Јанева-Стефанова имало и при враќањето на патната исправа за Орце Камчев како и за барањето на Јанева „Империја“ да се затвори само со парична казна, а не и затворски казни.

Од ОЈО не откриваат детали кои и кога ќе бидат повикани на распит за случајот „Рекет“. ТВ21 од извори во истрагата дознава дека в четврток и петок ќе бидат повикани лица од СЈО кои треба да сведочат, меѓунив е и Бурим Рустеми кој го застапува предметот „Империја“ заедно со Лиле Стефанова.

Вчера и претседателот, Стево Пендаровски повика на брза и ефективна истрага, а потенцираше дека доколку има докази да се поднесат обвиненија и врз политичари.

ТВ21 разговараше со адвокати и обивнители кои велат дека објавените снимки се доволен доказ за повикување на распит на едно лице и барање за одредување на мерка притвор.

Шефицата на ОЈО, Вилма Рускоска користи годишен одмор и се очекува нејзино враќање по што најверојатно на распит ќе биде повикана и Катица Јанева.

Во меѓувреме Боки 13 и Кичеец добија нови 30 притвор.

РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

Македонија

Уште 20 дена до учебната година – сѐ уште нема одлука како ќе се одвива наставата

4NEWS.mk

Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

4NEWS.mk

Бела куќа: САД загрижени од ситуацијата во Белорусија

Македонија

4 милиони евра загуба за 6 месеци – рент-а-кар бизнисот бара помош од државата

4NEWS.mk

Зошто се уште нема одлука за новата школска година и кој ќе ја преземе одговорноста?

Македонија

Локалите узурпираат јавни површини во Кичево – пазарниот инспекторат и ја префрла вината на полицијата

4NEWS.mk

Словачка протера руски дипломати поради шпионажа, Москва враќа со иста мера

Македонија

Заев: Не можеме да кажеме дека имаме договор, разговорите продолжуваат

4NEWS.mk

Средба Заев – Ахмети за формирање парламентарно мнозинство и Влада – договор се уште нема

Македонија

109 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11942, оздравени 422 пациенти – починатo e 1 лицe

Македонија

„СДСМ, ДУИ, Беса и ДПА, завршена работа“ – Лала: Ахмети ќе попушти за премиер Албанец

4NEWS.mk

Рудар од Танзанија стана милијардер преку ноќ

Македонија

Учебната година ќе почне на 1-ви септември – Адеми: Владата сака учениците да се вратат во училиште

Македонија

Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК

4NEWS.mk

25 годишник во повеќе наврати силувал 13-годишно девојче

4NEWS.mk

Настава во училиште од 1-ви септември, со поддршка од родителите и наставниот кадар

Македонија

Османи за ТВ21 по состанокот Ахмети – Заев: Официјално се разговара за заедничка коалиција

4NEWS.mk

МВР: Пронајдено безживотното тело на 16-годишното момче од Ресен

Македонија

СДСМ вели дека има мнозинство, но со кого?! – Али Ахмети не отстапува од барањето за премиер Албанец

4NEWS.mk

ДПА влегува во коалиција со СДСМ

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“