Обвинителката Лиле Стефанова утрово пред да се појави во Кривичниот суд, пристигна во Апелација, за како што рече само да врати картица.
По излегувањето се обидовме да ја прашаме за последните случувања во СЈО како и тоа дали е правилна процедурата обвинител да контактира со осомничен, како што тоа го направи Катица Јанева со Орце Камчев и на тој начин да го убедува да стане сведок во други истраги.
Прашање: Дали знаете за процедурата да убедиш некој да стане заштитен сведок?
Прашање: Дали сметате дека граѓаните се изневерени?
Стефанова: Тоа ќе ја прашате Катица Јанева.
Прашање: Не, но како експерт ве прашувам, дали е таа процедурата, дали така ги убедувате луѓето.
Стефанова: Немојте ве молам! Јас не сум експерт за криминал, јас сум експерт против криминал.
Прашање: Добро, но вие сте обвинител, дали така се убедува, можеби од обвинет да стане заштитен сведок?
Стефанова: Прашајте ја Катица , тоа се нејзини методи.
Обвинителката од Апелација, се упати кон Кривичниот суд каде требаше се одржува рочиштето за случајот „Титаник“, а обвинението го застапува токму таа. Поради отсуство на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев одложено е денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Од Кривичниот суд инфорираа дека Ставрев бил отсутен поради отворено боледување. Откако италијанскиот весник „Ла Верита“ објави аудио снимка, на која тврди дека се слуша гласот на Јанева, реагираше и самата специјална обвинителка. Таа не негираше дека тоа е нејзиниот глас туку изјави дека разговарала со лицето О.К. , со цел да го убеди да стане соработник во други истраги. Јанева во писмената изјава тврдеше дека комуницирала и со други осомничеви во други случаи со цел да ја подобри, како што вели таа, позицијата на обвинителите во истрагите.
Лиле Стефанова беше прва која даде исказ во Обвинителството за организиран криминал како сведок за случајот „Рекет“. Засега во овој случај осомничени се само Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец. И двајцата добија нов 30-дневен притвор во затворот во Шутка.
РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ