Стејт департмент: „Груевски да ја отслужи казната таму каде што е осуден“

Американскиот Стејт департмент одблизу го набљудува случајот со Никола Груевски, особено откако му е одобрен азил во Унгарија, пишува денеска унгарскиот весник „Непсзава“.

Стејт департментот, на барање на унгарскиот весник, ја повторува својата позиција посочувајќи дека на Груевски му е изречена казна затвор од две години во темелен и транспарентен судски процес.

Од таму истакнуваат дека против Груевски се водат четири кривични постапки и оти е потребно тие да продолжат во македонскиот правосуден систем.

Инаку, екс премиерот Никола Груевски во вторникот објави дека добил азил во Унгарија. Македонските власти побараа поништување на одлуката за азил и негова екстрадиција во Македонија.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното