Американскиот Стејт департмент деновиве ја слави Неделата на меѓународното образование и во заеднички напори со Министерството за образование на САД ја промовира „важноста и можностите што студиската размена ги носи во кампусите и заедниците, како во САД така и во светот“.
Од Стејт департментот наведуваат дека САД повторно се на прво место во светот како дестинација за меѓународни студии, и во академската 2020/21 година примиле речиси милиони странски студенти .
Темата годинава „Отверени за можности“, е потврдена преку годишната Политика на отворени врати… Според податоците на оваа политика, САД уште еднаш се најбараната дестинација за меѓународни студии во светот, и во академската 2020/21 година на колеџите и универзитетите примиле 948.519 странски студенти, или 4 отсто повеќе од минатата година, се вели во синоќешното соопштение.
Се укажува дека политиката на отворнеи врати дава увид и во влијането на пандемијата на посетата на американските студенти на меѓународните студии. Според програмата, поради пандемијата, помалку американски студенти учеле во странство годинава и наставата ја следеле виртуелно, или со поединечно планирано лично присуство.
