Свет

Стејт департментот издаде предупредување до Американците кои се во Авганистан

Американскиот Стејт департмент денеска издаде предупредување до Американците во Авганистан да избегнуваат да одат на аеродромот во Кабул.

„Поради потенцијалните закани за безбедноста надвор од влезот на аеродромот во Кабул, ги советуваме американските граѓани да избегнуваат да одат на аеродромот и да избегнуваат да влезат, освен ако тоа не го покажат официјални претставници на американската администрација“

се вели во соопштението на Стејт департментот.

Претходно, Германија и Швајцарија ги откажаа летовите за евакуација од аеродромот во Кабул планирани за денеска.

Од почетокот на минатата недела, кога Талибанците влегоа во Кабул, започна евакуацијата на илјадници странски и авганистански државјани вработени во амбасади и хуманитарни организации.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека околу 14.000 луѓе биле евакуирани со транспортни авиони од 14 август.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни