Македонија

Стевче Јакимовски прогласи победа во Карпош

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, прогласи победа во Карпош.

Тој на прес-конференција истакна дека и покрај целата црна кампања, која се водела против него, сепак успеал.

„Нема да има реваншизам, сите се добредојдени кај мене. Јас го гледав Карпош 30 години нанапред, додека некои во овие 4 години го гледа наназад“, рече Јакимовски.

Тој додава дека во оваа изборна кампања мора да каже дека се однесувал витешки, односно излегувал и кажувал кои се решенијата на проблемите на Карпош и која е визијата на Карпош.

Јакимовски пред четири години беше градоначалник на скопски Карпош, каде изгуби од Стефан Богоев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни