Македонија

Стиснете му лајк на Митко Јанчев – сака да биде „Маж на годината“

Стиснете му лајк на Митко Јанчев – сака да биде „Маж на годината“

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев е еден од кандидатите на овогодинешниот избор за „Маж на годината“, а тој очигледно многу ја посакува титулата, со оглед на тоа дека спонзорира објава на Фејсбук во која бара поддршка од граѓаните во натпреварот.

Кликнете овде и притиснете лајк за да гласате. Започнува гласањето за наградата Маж на Годината за 2022 година според социјални медиуми“, пишува во спонзорираната објава на градоначалникот-кандидат за „Маж на годината“.

Изборот за „Маж на годината“ го организира магазинот „Џентлмен“, а годинава, покрај Јанчев, во конкуренција за наградата, меѓу другите се и: шоуменот Игор Џамбазов, директорот на болницата „Плодност“, д-р Таше Трпчевски, музичарот Дуке Бојаџиев, дизајнерот Игор Пачемски, актерот Александар Микиќ, кошаркарскиот тренер Александар Петровиќ, пијанистот Симон Трпчевски…

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни