Сточниот пазар денеска беше отворен за трговците и купувачите. Но, само пред една недела на пазарот му беше ставен клуч.
Купувачите велат дека се задоволни што вратите на пазарот се повторно отворени, бидејќи како што велат, ова е единствениот пазар во Скопје каде можат да купуваат стока.
„Ова е радосна вест и за селаните, но и за купувачите, бидејќи мораш да поминеш низ сите куќи во селото за да ја најдеш стока што сакаш да ја купиш. Денеска беше сѐ во ред, немаше ниту полиција“, изјави жител на Гази Баба.
Продавачите велат дека денот поминал мирно и без проблеми.
-Не, немавме никаков проблем, целата документација е во ред.
-Што се случи пред една недела?
-Имаше некои дезинформации дека наводно нешто не било во ред на пазарот, па поради тоа го затворија.
На 19-ти месецов, Јавното претпријатие „Скопски пазар“ донесе одлука дека веќе нема да стопанисува со сточниот пазар. На одлуката реагираше градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски. Вели дека откако општината дознала за случајот, веднаш ги презела надлежностите. Георгиевски ветува подобрување на условите на сточниот пазар.
Пред една недела кога дојдоа на нивните работни мести на пазарот, не можеа да влезат внатре, поради што најавија и протести доколку не се отвори повторно. Инаку, сточниот пазар во Скопје постои веќе 65 години.
Репортер: Африм Јонузи
