Македонија

Стоилковски со одговор до Заев: Творецот на предавствата е убеден во поддршката на 75%, ајде на избори и референдум да ја измериме вредноста

Стоилковски со одговор до Заев: Творецот на предавствата е убеден во поддршката на 75%, ајде на избори и референдум да ја измериме вредноста

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска напиша реакција по повод изјавата на поранешниот премиер Зоран Заев.

„Додека #Македонија се уште е во непремостлива поделеност од предавството и се дави во асимилација заради лажно добрососедството, творецот на двете катастрофи, Зоран Заев е убеден дека 75% од народот ги поддржувал овие обезличувачки, предавнички и асимилаторски зафати. Бидејќи газдата на Ковачевски и на Пендаровски и творецот на сите предавства Заев е убеден во поддршка од 75%, ајде најскоро на терен да ја измериме вредноста и во ист ден да се распишат референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори!“, порача Столковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни