Македонија

Стојков: Декларацијата за забрана на отворање на клуб е срамота и покажува на што сè се подложени Македонците во Бугарија

Стојков: Декларацијата за забрана на отворање на клуб е срамота и покажува на што сè се подложени Македонците во Бугарија

Претседателот на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков вели дека декларацијата со која советот на Благоевград го забранило отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ е срамота и покажува на што сè се подложени Македонците во Бугарија.

„Овие луѓе во Советот на Благоевград ако самите не се Македонци, имаат роднини и пријатели кои се. Тие знаат дека има многу Македонци во Бугарија и во Благоевград. За да излезат со таква позиција, објаснување е само дека се создава атмосферата за страв и омраза против Македонците овде“ – вели Стојков за „Слободен печат“.

Стојков додаде дека за декларацијата дознале од медиумите и сè уште не ја добиле одлуката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни