Свет
25,495,151
Вкупно активни случаи
Updated on 19/01/2021 13:15 13:15
Македонија
12,500
Вкупно активни случаи
Updated on 19/01/2021 13:15 13:15
Македонија
2,715
Вкупно починати
Updated on 19/01/2021 13:15 13:15
Македонија
73,777
Вкупно оздравени
Updated on 19/01/2021 13:15 13:15

Столтенберг го повика Бајден да присуствува на првиот самит на НАТО по неговата инаугурација во јануари

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска му предложи на новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден да присуствува на првиот самит на Алијансата во Брисел, по неговата инаугурација на 20 јануари 2021 година.

-Го поканив Бајден да присуствува на самитот на НАТО на почетокот на следната година за да разговараме за важни теми и да донесуваме одлуки, вклучувајќи ја и таа за останување или повлекување на силите на Алијансата од Авганистан, изјави Столтенберг пред новинарите, додавајќи дека датумот за одржување на самитот допрва ќе треба да се утврди.

loading...

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, претходно донесе одлука за намалување на американскиот контингент во мисијата на НАТО во Авганистан. Во моментов Алијансата во оваа турбулентна азиска држава има 11.000 војници, од кои половината не се Американци.

-Мисијата ќе продолжи и покрај повлекувањето на американските сили и намалувањето на американското присуство во Авганистан. Во 2021 година ќе треба да бидат донесени тешки одлуки, доколку талибанците не ги почитуваат своите обврски, рече Столтенберг.

Според него, Бајден е „голем поддржувач на НАТО и добро ја познава организацијата“.

-Тоа е добра работа за нас, рече Столтенберг, алудирајќи на тешкотиите со кои се соочи НАТО за време на администрацијата на Трамп. 

НАШ ПРЕДЛОГ

На Водици сите одат по света вода, но грешат во една работа – што никако не треба да заборавите да направите

Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека воочи овој празник на...

Сончево, но студено време- метеорлозите со прогноза какво време не очекува до крајот на неделата

Сончево и студено време ќе преовладува денеска во земјава. Во северните делови ќе има мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до...

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6.4 степени по Рихтер ги погоди Аргентина и Чиле- неколку градови останаа без струја

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ноќеска ја потресе северозападна Аргентина, на границата со Чиле, пренесоа светските агенции, наведувајќи...
Skopje
few clouds
2 ° C
2 °
2 °
51 %
1.2kmh
20 %
Tue
2 °
Wed
4 °
Thu
5 °
Fri
6 °
Sat
9 °