Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг разговараше во Вашингтон со финската премиерка Сана Марин за изгледите за пристапување на нејзината земја во НАТО. Ова го објави Столтенберг на својот Твитер профил.
Разговаравме за потребата да се земе предвид загриженоста на Турција, како и напредокот на апликациите на Финска и Шведска за членство во НАТО, напиша Столтенберг.
На 18 мај Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО.
Турција се противи на приемот на Финска и Шведска во НАТО со образложение дека има луѓе поврзани со Курдистанската работничка партија (ПКК) и Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО, која според Анкара стои зад обидот за пуч во 2016 година), како и поради фактот што Финска и Шведска го прекинаа извозот на оружје во Турција во 2019 година.
