Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска на заедничката прес конференција со претседателот на Владата Зоран Заев, најави дека Северна Македонија ќе добие помош од 60 респиратори.
Се вчитува...
„Денес можам да објавам дека Северна Македонија ќе добие пакет за помош од новите залихи на НАТО, 60 респиратори и друга итна потреба во вредност од приближно 1,4 милиони евра. Тоа секако доаѓа дополнително на помошта и поддршката која ја испорачавме досега. Ова е солидарноста на НАТО на дело“, додаде Столтенберг.
.
