Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека нема никакви индикации дека рускиот претседател Владимир Путин ја променил својата амбиција.
„Не видовме никакви индикации дека претседателот Путин ја променил својата амбиција да ја контролира цела Украина и да го преработи меѓународниот поредок“, рече тој.
Генералниот секретар вели дека НАТО треба да ја поддржи Украина, да ги одржи санкциите кон Русија и да ја зајакне сопствената одбрана и одвраќање.
Тој вели дека конфликтот може да трае долго „и ние треба да бидеме подготвени за тоа“.