Македонија

Столтенберг: Поздрав за ратификацијата, со нетрпение го очекувам пристапот во НАТО на Република Северна Македонија

Ратификацијата на Преспанскиот договор од грчкиот Парламент го поздрави и генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Ја поздравувам ратификацијата на Договорот од Преспа од грчкиот парламент, што во голема мера придонесува за стабилноста и просперитетот на целиот регион. Во иднина со нетрпение го очекувам пристапот на Република Северна Македонија во НАТО“, напиша Столтенберг.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни