Македонија

Сторителите на родово насилство во советувалишта ќе добиваат совети за промена на однесувањето

Сторителите на родово насилство во советувалишта ќе добиваат совети за промена на однесувањето

Во специјализирани советувалишта, сторителите на родово базирано насилство ќе добиваат поддршка и помош да го променат своето однесување. Во патријархалните средини како нашата, мажественоста доминира во домот, на работа, во јавниот простор, но не секогаш мажите се силни да одолеат на притисоците. Притисокот и неможноста да останат најјаки ги прави насилници.

По пријавување на семејно насилство, насилникот се отстранува од домот, но тоа не е решение, бидејќи делата се повторуваат. Затоа со воспоставување на ефективна примарна превенција на родово заснованото насилство, мулти – професионална поддршка и работа со сторителот на насилство, преку пристап фокусиран на безбедност на жртвата, ќе се намалува насилството во земјава.

Според податоците на надлежните минатата година за семејното насилство има 1.056 кривични пријави, 90 проценти од насилниците се мажи, во 80 проценти од случаите жртвите се жени, но насилниците рака креваат и врз родителите и децата.

Наташа Јанчиќ Менковски

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни