Стотина затвореници од сите затвори со писмо до Заев, Џафери и Дескоска! И тие сакаат да бидат амнестирани, како учесниците во настаните од 27 април

Доколку ги помилувате луѓето кои се обидоа да ги убијат претставниците на повеќе од 500 илјади граѓани, тогаш зошто да не не помилувате и нас…

Ова е пораката која затворениците од затворот “Идризово“ му ја испратија на премиерот Заев, кој не ја отфрли можност за амнестија за 27 април.

-Имајќи ја предвид политичката состојба во земјата, обидот за “Национално помирување“ за помилување “ на терористите и криминалците“ од 27 април кои се обидоа да ги убијат преставниците на повеќе од 500 илјади граѓани во земјава, што ја прегазија највисоката институција – законодавниот дом на РМ, бараме во рамките на законот за амнестија да не опфатите и нас.

Сето ова е потребно од повеќе други причини, на пример – Гледаме дека нашата земја оди во правец на судските реформи, уставните промени, преполните затвори и лошите услови (катастрофални) во затворите.

Базирано на овие околности сите затвореници од затворите на РМ го поднесуваме ова барање за сите категории на затвореници.

Сигурни сме дека и вие самите ја знаете состојбата на затворите во земјата, сведоци сте на тоа како следеа “казните со препорака“ од претходната власт. Поради овие и поради други причини, се надеваме дека ќе ги прифатите нашите барања.

Целиот прилог ќе можете да го проследите вечерва во информативниот магазин на ТВ21.

Извор: ТВ21