Свет

Стотици Јужнокорејци се евакуирани по голем пожар во густо населена населба во Сеул

Стотици Јужнокорејци се евакуирани по голем пожар во густо населена населба во Сеул

Околу 500 жители на густо населена населба во јужнокорејската престолнина Сеул се евакуирани поради големиот пожар кој уништи најмалку 60 куќи, јави БТА.

Пожарот избувнал утрото околу 6 часот и 30 минути во населбата лоцирана во јужниот дел на главниот град, каде живеат повеќе од 600 семејства.

Повеќе од 800 пожарникари, полицајци и работници од заедницата беа испратени да го гаснат пожарот и да ги евакуираат жителите од населбата.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол повика на намалување на штетите и масовно мобилизирање на сите расположливи пожарникари и опрема, изјави неговиот портпарол, цитиран од Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни