Свет

СТРАШНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТ ВО ИТАЛИЈА: Автомобил се заби во патарина, две лица загинаа (ФОТО)

СТРАШНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТ ВО ИТАЛИЈА: Автомобил се заби во патарина, две лица загинаа (ФОТО)

Најмалку три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на наплатната рампа А12 во Ливорно. Меѓу повредените има и едно дете.

Страшната несреќа се случила на наплатната рампа на автопатот А12 во Росињано, во областа Ливорно.

Вклучени се најмалку три автомобили: според достапните информации автомобилот со голема брзина удрил во две возила во колона, се превртел и сериозно ја оштетил конструкцијата на наплатната рампа.

Загинаа три лица: двајца сопатници од возилото кое удрило во другите возила и еден од сопатниците кои се возеле одзади. Уште пет лица се тешко повредени, меѓу кои и едно дете.

На местото на настанот, покрај пожарникари и полиција, имало и неколку возила на брза помош и еден хеликоптер, јавува L’Unione Sarda.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни