Македонија

Страшна сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Прилеп – три лица тешко повредени!

На 11.09.2022 во 13.45 часот пријавено е дека на регионалниот пат Битола-Прилеп, во правец кон с.Лагово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат уно“, управувано од М.Д.(58) од Прилеп и патничко возило „бмв“, управувано од Д.И.(23) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од возилото „фиат уно“, Т.С.(40) од Прилеп, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни