Поврзи се

Македонија

Страшно невреме во Преспа, уништени се покриви, паднати дрвја, штети во Охрид и Струга

Силно невреме проследено со град, засилен ветер и грмотевици вчера направи пустош во Преспа. Откорнати дрвја, уништени овоштарници, куќи без покрив е сликата која денеска ја затекнавме на југо-западот.

Најдраматично е во авто-кампот „Крани“, каде откорнати се повеќе од 100 дрвја кои паѓале врз автомобили, камп приколки и плажите. За среќа нема повредени ниту жртви. Мештаните денеска сè уште вознемирени раскажуваа за синоќа.

„Сите сме исплашени. Со три деца бев тука со внуците. Тоа беше урнебес. Земјата се спои со небото. Господ не спаси само.“

„Торнадо. Мексиканско торанадо. Нешто невероватно. Страшно, град, ветер, ние бевме внатре и ми беше страв да излезам“

„Падна една гранка, силно удри и му велам излегувајте луѓе. Уште еднаш силно удри и излеговме. Отидовме кај друга приколка и се вративме по мажите за да ги викнеме и нив. Дрвото знаевме дека ќе падне. Влеговме во приколката и не можевме да излезиме.“

Формирано е координативно тело заедно со Дирекцијата за заштита и спасување, а екипите веќе се на терен и ги санираат состојбите и работат на расчистување и оспособување на патните правци за сообраќај. Десетина села во Преспа денеска се без електрична енергија и вода.

„Се случува ваква ситуација, големи временски непогоди во еден момент меѓутоа сепак треба време за да може да ги санираме сите состојби. Важно е дека државата заедно со локалната самоуправа целосно стои. Граѓаните на Ресен и Преспа треба да бидат спокојни ќе направиме се за да ја санираме состојбата и да ги процениме сите материјални штети“., вели Спасовски.

Силна бура синоќа го зафати и Охридскиот регион, уништени се многу автомобили, еден ресторан, а граѓаните во текот на целиот ден пријавуваат штети. Во струшко пак, удар од гром во трансформаторот кој ја напојува пумпната станица во Шум, предизвикал проблеми во водоснабдувањето.

РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com