Загрепската полиција вчера добила драматична дојава за распаднат труп во нива меѓу Горња и Доња Ломница во пошироката област Велико Горица.
Имено, околу 15.00 часот било пријавено дека во полето со пченка има тело. Увидната екипа веднаш пристигнала на местото на настанот и по прегледот на телото со гнили промени, како и поширокото подрачје каде било пронајдено, утврдиле дека засега нема знаци кои би упатувале дека смртта настапила како последица на кривично дело.
На крајот телото е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Загреб, со цел да се открие точната причина за смртта и да се потврди идентитетот на починатото лице, пишува Јутарњи лист.