Стрелец – годишен хороскоп за 2025 година! Од 9 јуни можно е да добиете наследство, а на врата ќе тропне стара љубов

Иако почетокот на 2025 година нема да изгледа ветувачки за Стрелецот, тоа секако ќе се промени од 9 јуни, кога Јупитер ќе влезе во соѕвездието Рак. Втората половина од 2025 година е финансиски ветувачка, па во новата година ќе бидете позадоволни од заработката. Уран во Близнаци во средината на годината може да му донесе емотивен земјотрес на Стрелецот.

Ви го претставуваме годишниот хороскоп за 2025 година за Стрелец.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Венера, планетата која го симболизира вашето поле на работа, на почетокот на 2025 година ќе биде во Риби, што значи дека или ќе работите од дома или ќе ја носите работата дома. Оваа фаза ќе трае кратко, но во март ќе имате период кога се ќе биде тешко на работа поради влијанието на ретроградната Венера. Март и април се многу негативни месеци за донесување одлука за промена на работното место. Доколку тогаш одлучите да ја смените работата, во мај лесно би можеле да зажалите. Влегувањето на Сатурн и Нептун во Овен ви носи година со големи промени, но дефинитивно ќе имате можности да направите нешто покреативно. Кратката посета на Уран на Близнаците од јули укажува на ненадејни, брзи промени кои можат да ја променат вашата иднина. Финансиски ќе бидете постабилни во вториот дел од 2025 година бидејќи Јупитер ќе влезе во Рак на 9 јуни. Позицијата на Јупитер во Рак може да ви донесе решавање на наследните прашања. Тоа е и можност да се добие финансиска поддршка за конкретен деловен проект во вториот дел од 2025 година. Впрочем, втората половина на 2025 година е резервирана за реализација на плановите кои сте ги направиле до јуни. Влегувањето на Плутон во Водолија од ноември ви носи голема моќ да влијаете на судбината и мислењето на другите луѓе. Поради ова, ќе бидете во ситуација да носите судбоносни одлуки кои силно ќе влијаат на блиските луѓе, но и на луѓето од околината. Во 2025 година ќе имате интересни кратки патувања.

Љубов – Во Новата 2025 година влегуваме со ретрограден Марс, па личност од минатото повторно ќе биде присутна во вашиот живот на почетокот на годината. Веројатно се работи за некој со кој претходно сте биле во врска, но таа личност ќе сака да се врати во живот. Бидејќи Марс ќе биде ретрограден од 25 февруари, старата романса би можела повторно да се разгори во првите два месеци, но подоцна ќе треба да продолжите напред. Иако ќе имате впечаток дека само минатото ви тропа на врата, тоа ќе се промени од средината на 2025 година кога Сатурн ќе се пресели во Овен, а Јупитер во Рак. Втората половина на 2025 година ќе биде емотивно попредизвикувачки, а може да ви донесе познанства со Водолии, Лавови, Ракови и Овен. Уран во Близнаци од јули носи голем предизвик за Стрелците кои се во брак, бидејќи ќе има неочекувани промени кои ќе ја принудат вашата врска да се промени. Поради животни настани, може да бидете принудени да поминувате помалку време со партнерот од вообичаено. Слободните Стрелци ќе имаат неочекувани познанства, кои не мора да бидат долготрајни, туку ќе се случуваат на необичен начин.

Здравје – Проблеми со циркулацијата.