На улицата „Кнез Милош“, пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, се уште се поставени шатори во кои учениците ноќеваа, а присутни се и неколку полициски возила.
Сообраќајната блокада на раскрсницата на улиците Кнез Милош и Бирчанинова, која ја организираа млади студенти и активисти, продолжи и денеска, откако тие ноќта ја минаа во шатори во импровизиран камп на улицата, јавува Данас.
Сообраќајната блокада почна во петокот напладне, а треба да трае до денеска напладне кога, како што е најавено, студентите ќе се приклучат на протестот на иницијативата „ПроГлас“.
Студентите протестираат, бараат да се отворат избирачките списоци, поради сомнеж дека на нив се запишани гласачи за изборите одржани на 17 декември, кои биле запишани на адреси каде што не живеат.
