Студентите на Универзитетот во Нови Сад повикаа на протест утре, 8 јануари, пред Вишиот суд во тој град.
„Студентите ги повикуваат сите средношколци, просветни работници, земјоделци и граѓани да ни се придружат на протестот во среда на 8 јануари во 11 часот пред Вишиот суд (Сутјеска 3)“, беше објавено во објавата на Инстаграм профилот на Студентите од Нови Сад во блокада.
Како што стои во поканата, студентите сакаат заедно да кажат дека нема да дозволат извршната власт да врши притисок врз судството и порачаа дека „факултетите остануваат затворени, а очите отворени“.
„Понесете се што прави бучава – тави, свирчиња, рогови“, рекоа студентите.
