Свет

Студентите во блокада за зголемување на буџетот за високото образование: Барањето не е исполнето

Студентите во блокада за зголемување на буџетот за високото образование: Барањето не е исполнето

По изјавата на Синиша Малог, министер за финансии, дека Владата на Србија со зголемување на буџетот за високото образование за 20 отсто исполнила едно од барањата на студентите во блокадата, денеска добија одговор.

„Студентите во блокадата сметаат дека четвртото барање не е исполнето. Во конкретизирањето на барањата јасно стои дека се неопходни измени на Законот за високо образование за зголемувањето на буџетските издвојувања да не е еднократна мерка, туку трајно решение“, наведуваат студентите во објавата на Инстаграм.

Тие порачаа дека блокадата ќе продолжи се додека не се исполнат сите барања.

Зголемувањето на буџетот за високото образование треба да доведе до намалување на школарината за 50 отсто и подобрување на условите за студирање и студентскиот стандард.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни