Македонија

Студентски протест во Скопје: Се бара полагање на правосудниот испит на албански јазик

Студентски протест во Скопје: Се бара полагање на правосудниот испит на албански јазик

Студенти денеска протестираа во Скопје барајќи да им се овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик. Со транспаренти „Знаењето нема забранет јазик“ и „Не допирајте ја нашата иднина“, тие побараа почитување на Законот за употреба на јазиците. На протестот беа истакнати албански и американско знаме, како и транспаренти со политички пораки.

Маршот започна од Старата скопска чаршија и заврши пред Министерството за правда. Организаторите порачаа дека ќе продолжат со протестите сѐ додека не се исполни нивното барање.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски се сретна со лидерите на коалицијата Влен, Биљал Касами и Изет Меџити, при што разговарале за решение усогласено со Уставот и Законот за употреба на јазиците.

Ова е втор студентски протест на истата тема, по маршот одржан во април, кога поддршка дадоа и претставници на ДУИ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни