Суд: Османи и Нухиу не може да го посетат Томор Морина (ФОТО)

И покрај најавите, вице-премиерот Бујар Османи и заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу нема да може да го посетат Томор Морина кој се наоѓа во притвор во затвор. Србија поднесе барање за екстрадиција кое вчера стигна до министерството за правда.

„Во врска со вашето барање од 30.07.2019 година без број, да биде издадена согласност лицето Томор Морина, кое се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје, денес да биде посетено од страна на Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија д-р Бујар Османи и Заменик Министер за внатрешни работи Агим Нухиу, ве известуваме дека согласно одредбите од чл. 178 од Законот за кривична постапка, лица кои вршат функција Заменик Претседател на Влада на Република Северна Македонија и Заменик Министер за внатрешни работи, не се лица кои може да посетат притвореник“, се вели во известувањето од Судот испратено до Владата.

Морина беше приведен од страна на македонската полиција пред неколку дена, откако се наоѓаше на листа на Интерпол.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното