Судар на два брода на Босфор – спасувачките тимови веднаш испратени на местото

Рускиот товарен брод „Русич 10“ се судри на Босфор со турскиот товарен брод „Тахсин Имамоглу“, објави турската крајбрежна стража, а пренесува Танјуг.

„Во судирот нема повредени ниту загинати, а бродовите се оштетени. Три чамци за спасување и 14 влечни возила се испратени на местото на настанот за да помогнат. Двата товарни брода се вкотвени во пристаништето“ – се наведува во соопштението, пренесе Спутник.

Според извештаите на медиумите, судирот се случил крај брегот на истанбулскиот кварт Јеникеи во Босфорот.

Турскиот брод пловеше од провинцијата Кочаели до индустриското пристаниште Карадениз Ерегли на брегот на Црното Море, а рускиот „Русич 10“ пловеше од провинцијата Бурса кон Русија.