Балкан

Судар на два воза во Белград: Има повредени

Судар на два воза во Белград: Има повредени

Денеска околу 18:30 часот во тунелот меѓу Панчевскиот мост и споменикот на Волкот во Белград, се случила несреќа меѓу патнички воз и товарен воз.

Како што дознава Блиц, судирот се случил на 500 метри во внатрешноста на тунелот.

Според досегашните информации има повредени меѓу кои и кондуктерот. Четири екипи за итна помош се на терен, на местото каде се извлекуваат повредените од тунелот, јавува Нова.рс.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни