Осумнаесет годишната Ивана Атанасовска од Скопје до 12 –тата година немала никаков проблем со видот. Последните шест години видот и оштетен 99%, а губењето настанало за само 15-тина дена.
„Прво ми беа матни буквите, малку матни, па почна мама да ми чита со учење, па уште поматни, па уште поматни, скоро ништо не гледав, кажав дома. Отидовме на лекар ми дадоа наочари“, вели Ивана Атанасовска.
Родителите откако ја однеле на Детската клиника побарале да се направи магнетна резонанца. Но, го добиле следниот одгвор:
„Ми рекоа дека нема потреба детето е здраво, од сонце, од ветер, од промаја од тоа e. Јас им поверував на нив и беше се полошо и полошо“, вели Дејан Атанасовски – татко на Ивана.
Кривење на уста, главоболки, спиење , замор, заборавање биле симптомите кои ги чувствувала Ивана.
„Направивме магнетна резонанца, најдоа вода во глава, уште не е докажано од каде. Хидроцефулус се добива од удар, од воспаление на мозок, таа немала ништо такво“, додава таткото на Ивана.
На Ивана и биле направени 5 операции на главата од 2012 , последната на 13 ноември.
„Двете последните ги правеше министерот Филипче, од него сум најзадоволен. Човечки постапи како човек со човек , не како доктор со пациент“, вели Атанасовски.
ИВАНА АТАНАСОВСКА
СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ
210-7000006219-06
ТУТУНСКА БАНКА
143434 T-mobile
143488 VIP
Операциите на главата се успешни, но таа и понатаму не може да гледа. По бројните очни клиники каде побарале спас, следна надеж е очната клиника во градот Уфа во Русија каде ќе патува на 26 јануари поради испитувањата пред операцијата која треба да се случи на 30 јануари и чини 15 000 евра. Оптимизмот на оваа млада девојка може само да биде лекција за сите оние кои сметаат дека ја почувствувале темна страна на животот. Ивана верува дека повторно ќе и се радува на светлината на денот.
РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА
