Судењето за пожарот во тетовската модуларна болница никако да почне. По трет пат се одложува рочиштето.
Судијата Јордан Велковски го одложи и денешното рочиште, за 7 декември откако еден од обвинетите повторно немаше адвокат бранител.
Причина за одлагањето беше и тоа што другите адвокати побараа освен увид да имаат и препис од доказните материјали. По десетмесечната истрага, почетокот на судењето беше закажано за 6 септември, па се одложи за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите.
На 14 октомври беше одложено за денеска, но и денеска немаше рочиште.
Обвинети се директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, како и докторот Бобан Вучески и Клиничка болница Тетово како правно лице.