Македонија

Судењето за полицајците обвинети во случајот „Пулс“ повторно одложено, судот закажа нов термин

Судењето за полицајците обвинети во случајот „Пулс“ повторно одложено, судот закажа нов термин
ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Судењето во предметот поврзан со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој се обвинети девет полициски службеници, е одложено, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Како што се наведува во соопштението, главната расправа во предметот КОК бр. 7/26 била закажана за денеска, 1 јуни 2026 година, но е отповикана по барање на одбраната на обвинетиот Г.И.

Одбраната образложила дека неговиот бранител во истиот термин е ангажиран во друг судски предмет во кој се определени мерки притвор, поради што не може да присуствува на денешната расправа.

Од Судот додаваат дека новиот термин за продолжување на постапката останува непроменет, односно 15 јуни 2026 година, за кога сите странки се уредно и навремено известени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни