Македонија

Судијата Ненад Савевски избран за нов државен јавен обвинител

Судијата Ненад Савевски избран за нов државен јавен обвинител

Досегашниот судија од Основниот кривичен суд Скопје, Ненад Савевски, ќе застане на чело на Јавното обвинителство.

Тој беше дел од групата кандидати кои поминаа низ филтерот на Советот на јавни обвинители и обезбедија позитивно мислење за извршување на оваа функција.

За функцијата претходно конкурираа пет кандидати, а Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење само за четворица – Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска, Лидија Раичевиќ и Ненад Савески.

Савевски поседува богато искуство во правосудството, со оглед на тоа што претходно работел како јавен обвинител, а во рамките на Кривичниот суд беше задолжен за водење на сложени предмети од областа на организираниот криминал и корупцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни